Европска комисија нема да одобри исплата на средства за Србија додека не се утврди дали ги исполнува условите, особено во однос на препораките од Венецијанска комисија за измените во правосудните закони.

Еврокомесарката Марта Кос изјави дека ЕУ е сè позагрижена поради состојбите во Србија – вклучувајќи закони што ја загрозуваат независноста на судството, притисоци врз медиумите и односот кон протестите.

ЕУ очекува слобода на изразување, независни медиуми и фер избори. Во спротивно, средствата од Планот за раст може да не бидат исплатени.

Од предвидени 1,6 милијарди евра за Србија, досега се исплатени околу 110 милиони, а остатокот е доведен во прашање.

Текстот ЕУ ја условува Србија: Пари само по исполнување на реформите е превземен од МАКФАКС.