Во саботата, во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, попозната уште меѓу граѓаните како „Партизан“, под покровителство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, и коорганизаторство на самата Општина, се одржа Европско првенство во кинеско борење – SHUAI JIAO2026 на кое учество освен од нашата држава, зедоа тимовите од Италија, Германија, Србија, Шпанија, Франција, Босна и Херцеговина, како и претставници од Унгарија и Турција. Технички организатор на ова Европско првенство во кинеско борење беше полицискиот боречки клуб „Безбедност“ –Скопје.

Под водство на Страшо Глигоров, македонската репрезентација на ова европско првенство ги постигна следниве резултати: Леа Стојковска, Елвир Бајрам и Благоја Свинарски завршија на второто место, додека на третото место се пласираа Марко Станчов, Благоја Пандовски, како и Димитар Качурков и Бранислав Поповиќ. Значителен успех постигна и Матеј Петровски, кој се пласираше на четвртото место. Победа во екипна конкуренција, на ова првенство однесе Италија , додека второто место им припадна на Франција, а репрезентацијата на Босна и Херцеговина заврши на третото место. За најдобар индивидуален техничар во конкуренција за мажи беше прогласен , Симоне Салваторе од Италија, додека во истата категорија за жени, најдобра беше избрана Марија Павлич од Босна и Херцеговина. На шампионатат беше присутен и г-нот Антонио Лангијано, Претседател на Европската унија Шуаи Џиао (ЕСЈУ).

Специјална плакети за особен придонес во организација на Европското првенство во кинеско борење им беше доделена на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски како и на Општина Карпош како локална самоуправа, додека на претседателот на комисијата за спорт при советот на Општина Карпош, Предраг Станковски и раководителот на секторот за поддршка и организација на работата на Советот и архивско-административни работи, Патрик Поповски, им беа доделени благодарници за даден придонес за одржаното европско првенство во кинеско борење, организирано на територијата на Општина Карпош.

Текстот Општина Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење е превземен од МАКФАКС.