61-годишен маж вербално и физички го нападнал својот сосед поради, како што изјавил, гласното удирање месо за време на подготовката на шницлата, објави германската новинска агенција ДПА, пренесува ДВ.

Во саботата навечер, постар маж отишол во станот на соседот во зграда, каде што го навредил и го удрил по лицето, соопшти полицијата.

Не е јасно дали наводното гласно удирање се случило за време на законски пропишаните „тивки часови“ во Германија, кои генерално важат помеѓу 22:00 и 06:00 часот наутро.

Текстот Германец го нападнал својот сосед: премногу гласно ги удирал шницлите е превземен од МАКФАКС.