Швајцарскиот клуб FC Basel го откажа концертот на Канје Вест (Ye) на стадионот „Сент Јакоб-Парк“, наведувајќи дека неговиот настап не е во согласност со вредностите на клубот.
Ова е дел од поширок бран откажувања низ Европа. Претходно беше откажан и настапот на фестивалот „Wireless“ во Лондон, а откажувања имаше и во Полска и Франција.
Причината се контроверзните изјави на музичарот, поради кои спонзори и организатори се дистанцираат од него.
Текстот И Швајцарија го откажа концертот на Канје Вест: „Не е во согласност со нашите вредности“ е превземен од МАКФАКС.























