Делови од Словенија се погодени од невреме проследено со силен ветер и крупен град, пренесува 24ур.

Од Словењ Градец, Жалец и Преваље се пријавуваат силни налети на ветер, додека во Велење има поплави поради обилни врнежи.

Невремето се движи од северозапад кон остатокот од земјата, а особено на североистокот се очекуваат поинтензивни врнежи, град и силен ветер.

Според прогнозите, времето ќе се смири во текот на ноќта, но веќе во понеделник повторно се очекуваат локални врнежи и нестабилно време.

Текстот Невреме со град и силен ветер ја зафати Словенија е превземен од МАКФАКС.