Илјадници пакети со залихи испратени од семејства до американските трупи на Блискиот Исток се заглавени откако Поштенската служба на САД ги прекина испораките поради војната во Иран. Семејствата се загрижени и лути кога слушаат од најблиските за недостиг од храна и низок морал на воениот брод, објавува „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
Семејствата се загрижени
Ден Ф. бил вознемирен кога неговата ќерка, маринец на бродот USS Tripoli, кој учествува во војната во Иран, му испратила фотографија од оброк. Послужавникот, кој бил празен за две третини, содржел лажица мелено говедско месо и превиткана тортиља. Сличнa била и фотографијата направена во средината на април на бродот USS Abraham Lincoln – грст варени моркови, плескавица од суво месо и сиво парче преработено месо.
Meal onboard USS Tripoli amphibious assault ship. A small scoop of shredded meat and a single folded tortilla. https://t.co/uwLINGXYFr pic.twitter.com/ReltpYWERP
— Clash Report (@clashreport) April 16, 2026
„Имаме најсилна војска во светот. Не треба да ви снемува храна и не треба да биде невозможно да се внесе пошта на брод“, рече 63-годишниот Ден, кој самиот служел во морнарицата. „Една предност што ја имавме во однос на нашите противници беше тоа што ги храневме нашите луѓе.“
Мајка од Тексас чиј син е морнар, исто така на USS Tripoli, рече дека се испаничила кога слушнала дека е гладен. Нејзиното семејство потрошило најмалку 2.000 долари за пакети за помош, но ниту еден не пристигнал.
Во пораките споделени со новинарите, морнарот напишал дека членовите на екипажот јадат кога можат и делат храна ако некој добие повеќе. „Залихите ќе бидат многу мали“, напишал тој на 11 март, додавајќи дека не очекуваат да ги посетат пристаништата сè до по завршувањето на мисијата. „Моралот ќе биде на најниско ниво досега“.
Текстот (Фото) Американските маринци на Блискиот Исток објавија фотографии од оброците, семејствата се бесни е превземен од МАКФАКС.























