„Топ Ган 3“ официјално е во подготовка, а главната улога повторно ќе ја игра Том Круз, потврди студиото Paramount Pictures за време на презентацијата на настанот CinemaCon во Лас Вегас.
Заедно со Круз, се враќа и продуцентот Џери Брукхајмер, кој беше клучна фигура во претходните епизоди на франшизата.
Top Gun 3 is officially in the works
Tom Cruise is set to return pic.twitter.com/qQ4o6svd91
— Complex Pop Culture (@ComplexPop) April 16, 2026
Третиот дел доаѓа по огромниот успех на филмот „Топ Ган: Маверик“, кој заработи дури 1,5 милијарди долари низ целиот свет и стана еден од најголемите кино хитови во постпандемискиот период.
Во филмот од 2022 година, Круз се врати во улогата на пилотот Пит Маверик Мичел, 36 години по оригиналниот „Топ Ган“.
Заплетот го следи неговото враќање во елитното училиште за пилоти каде што обучува нова генерација пилоти за опасна мисија. Филмот беше и последното појавување на актерот Вал Килмер во улогата на Ајсмен, пред неговата смрт во 2025 година.
Деталите за заплетот за „Топ Ган 3“ сè уште не се откриени, но со оглед на успехот на претходниот дел, очекувањата на публиката и индустријата се исклучително високи.
фото/Depositphotos
Текстот „Топ Ган 3“ официјално во подготовка: Том Круз се враќа како Маверик е превземен од МАКФАКС.























