Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека пронашле скриено оружје што му припаѓало на Хезболах по нападот во јужен Либан.

Во соопштение на својот Телеграм канал, ИДФ соопшти дека идентификувале и спречиле два обиди на терористички ќелии да извршат напади врз израелски војници.

„Во напад со беспилотно летало и заедничка операција на израелските воздухопловни сили, терористите беа погодени и елиминирани“, се додава во соопштението.

Пронајдено оружје и складиште
Војниците, исто така, пронајдоа голема количина оружје на местото на настанот.

Според соопштението на ИДФ, таму имало бројно оружје, вклучувајќи автоматски пушки „Калашников“, противтенковски ракети, рачни ракетни фрлачи и подземно скриено оружје што содржело минофрлачки гранати.

Текстот Израелската армија: Елиминиравме терористи и најдовме складиште за оружје на Хезболах е превземен од МАКФАКС.