Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани.
Тие разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува и републичкото обвинителство.
Во исто време, Савески го запозна Фидани со плановите за воведување нов систем за електронско управување со предметите во обвинителствата, кој во иднина треба да овозможи и побрза дигитална размена на податоци со судовите.
По преземањето на функцијата, Савески минатата недела го посети и Уставниот суд.
Текстот Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд е превземен од МАКФАКС.























