Американскиот лајвстример, Џони Сомали, кој предизвика гнев во Јужна Кореја откако бакнал споменик на жени кои за време на Втората светска војна биле сексуални робинки, е осуден на шест месеци затвор. Властите во Сеул го обвинија за нарушување на јавниот ред и мир во ноември 2024 година, откако објави снимка на која го бакнува споменикот и изведува непримерен танц врз него. Оттогаш му беше забранет излез од земјата, пренесува „Би-Би-Си“.

Судот во Сеул го прогласил за виновен за нарушување на јавниот ред и други дела, вклучително и дистрибуција на несоодветни содржини. Претходно му бил забранет излез од земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JTBCNEWS (@jtbcnews)

Станува збор за 25-годишник, познат по провокативни видеа и забрани на неколку платформи.

Судот навел дека сторил повеќе прекршоци со цел заработка преку интернет, игнорирајќи ги законите.

Му е изречена поблага казна од бараната, а по излегувањето ќе има ограничувања за работа со ранливи групи.

Случајот предизвика реакции и поради чувствителноста на темата – десетици илјади жени од Азија биле жртви на сексуално ропство за време на Втората светска војна, во чија чест се поставени овие споменици.

Фото: Depositphotos

Текстот (Видео) Во затвор ќе оди американскиот стример кој бакнуваше споменик на сексуалните робинки во Јужна Кореја е превземен од МАКФАКС.