Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари средба со претставници од Американската амбасада, на која беше иницирано воспоставување на ново Американско катче во Домот на културата.
Овој значаен чекор, како што е соопштено, има за цел да создаде современ едукативен и културен простор, достапен за младите од општината.
„Американското катче ќе овозможи пристап до богата база на едукативни ресурси, програми и настани поврзани со образованието, културата и вредностите на Соединетите Американски Држави.
Преку интерактивни активности, работилници и обуки, младите ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења, да развиваат критичко размислување и да се поврзат со глобални трендови.
Новиот ресурсен центар е замислен како динамичен хаб кој ќе поттикнува развој на вештини во областа на претприемништвото, дигиталните технологии и иновациите, создавајќи услови за личен и професионален напредок на младите од Ѓорче Петров.
Со оваа иницијатива, Општината уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон младите, образованието и создавањето нови можности за нивен развој“, се истакнува во соопштението.
Текстот Општина Ѓорче Петров: Американско катче во Домот на културата е превземен од МАКФАКС.























