Белата куќа одби да каже дали се разгледуваат нови разговори со Иран.

„Претседателот Трамп, потпретседателот Венс и преговарачкиот тим јасно ги дефинираа црвените линии на Америка“, изјави портпаролката Каролин Ливит.

„Очајот на Иран да постигне договор само ќе расте со оглед на исклучително ефикасната поморска блокада што ја воведе претседателот Трамп“, додаде таа.

Изјавите доаѓаат откако Пакистан, според Асошиејтед Прес, кој се повикува на двајца пакистански функционери, предложил одржување нова рунда разговори меѓу САД и Иран во Исламабад во наредните денови.

Доналд Трамп вчера им рече на новинарите дека биле контактирани од другата страна и дека сакаат да постигнат договор.

Текстот Белата куќа одбива да каже дали се разгледуваат нови разговори е превземен од МАКФАКС.