Вчера во 20:10 часот во СВР Тетово, Г.Д. од село Лешок пријавил дека во неговите викенд куќи во изградба забележал едно лице кое врши кражба на железни столбови.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Теарце презеле мерки и во 21:15 часот го лишиле од слобода Р.А.(38) од Тетово.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Текстот Маж од Тетово крадел железни столбови од викенд куќи во Лешок: го „фатил“ сопственикот е превземен од МАКФАКС.