Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, објави дека градскиот хотел Свети Стефан ќе ги отвори вратите ова лето.
Владата на Црна Гора ги усвои условите за спогодба меѓу Црна Гора и компанијата „Адриатик пропертис“ (Adriatic properties) во врска со повторното отворање на комплексот Свети Стефан (островот Свети Стефан и Вила Милочер).
Порано беше објавено од Владата дека на седницата ќе добијат предлог за условите за спогодба во арбитражата што се води пред меѓународниот суд во Лондон меѓу Црна Гора и компанијата „Адриатик пропертис“.
Grad-hotel Sveti Stefan od ovog ljeta ponovo otvara svoja vrata! Sačuvali smo državni interes i napravili važan iskorak za crnogorski turizam.
• Izbjegnuta potencijalna šteta po državu veća od 100 miliona eura
• Povećana zakupnina za Sveti Stefan hotele – sa 1.285.000 €… pic.twitter.com/ukm2KbFRY2— Milojko Spajić (@MickeySpajic) April 2, 2026
Во своето обраќање до јавноста, премиерот Спајиќ објави дека Владата „го зачувала националниот интерес и направила важен чекор напред за црногорскиот туризам“.
Спајиќ, исто така, истакна дека е избегната потенцијална штета за државата од повеќе од 100 милиони евра.
„Зголемена кирија за хотелите во Свети Стефан – од 1.285.000 на 1.555.000 евра. Зголемена кирија за ХТП Милочер – од 350.000 на 423.000 евра. Износите на киријата ќе бидат индексирани и зголемени со инфлацијата веднаш од почетокот на работата. Плаќање на разликата од околу 500.000 евра. Договорено плаќање на ДДВ од 21 процент на сите износи, што досега не беше случај. За прв пат, државата добива 10 проценти учество во профитот“, рече Спајиќ.
Планирано е да се продолжи закупот за пет години, сè додека комплексот не работи, а компанијата „Adriatic Properties“ е должна да го отвори хотелот најдоцна во јуни 2026 година, пренесуваат медиумите во регионот.
Текстот (Видео) Премиерот на Црна Гора: Свети Стефан се отвора по пет години поминати под клуч, државата избегна штета од 100 милиони евра е превземен од МАКФАКС.























