Анџелина Џоли неодамна присуствуваше на настан за модната куќа Том Форд, а го привлече вниманието на јавноста со својата модна комбинација, избор на придружнички, но и со драстична промена на нејзиниот имиџ.
Имено, Анџелина блескаше во бела креација со длабоко деколте и прерамки. Со овој потег, таа го задржа својот софистициран моден потпис, но додаде и впечатлива шминка што го разби ова монохроматско издание.
На црвениот тепих ја придружуваше креативниот директор на брендот, Хајдер Акерман, а нивното заедничко појавување предизвика бројни погледи и шпекулации од јавноста.
Сепак, најголем впечаток остави нејзината драстична промена на имиџот. Додека некои тврдат дека станува збор за неуспешни козметички процедури, други имаат теорија дека стресот од долготрајната разводна постапка од Бред Пит си го земал данокот и дека брзо остарела.
Извор претходно изјави за Radar Online:
„Анџелина е исцрпена и очигледно не се грижи за себе. Стресот никогаш не престанува и тоа се гледа кај неа. Се обидува да јаде повеќе, но кога е под голем стрес, воопшто нема апетит“, објасни тој.
Текстот (Видео) Анџелина Џоли ги шокираше сите со својот изглед: Што се случи со нејзиното лице? е превземен од МАКФАКС.























