Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека војната меѓу Израел и САД од една и Иран од друга страна мора да заврши пред да се прошири на целиот регион и да предизвика уште поголеми трошоци за глобалната економија.
„Оваа војна мора да престане пред да ескалира и да го зафати целиот регион во пламен“, рече Ердоган, објави „Ал Џезира“.
Ако продолжи, додаде тој, ќе има уште поголеми загуби на животи и имот, а трошоците за глобалната економија ќе се зголемат уште повеќе.
фото/Depositphotos
Текстот Ердоган: Војната мора да престане пред да го зафати целиот регион е превземен од МАКФАКС.























