Осуденик од Казнено-поправната установа Затвор Скопје починал на Комплексот клиники Мајка Тереза, откако бил донесен со влошена здравствена состојба.

Како што информира полицијата, на 7 март во СВР Скопје од клиниката било пријавено дека кај нив бил донесен С.Р.(23) од Скопје, кој бил осуденик во Затвор Скопје.

Тој починал во 20:10 часот во здравствената установа, а лекар констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Засега нема дополнителни информации за околностите под кои починал.

Текстот 23-годишен затвореник почина на скопските клиники, телото дадено на обдукција е превземен од МАКФАКС.