26-годишен скопјанец добил срцев удар по прележан Ковид 19. Бил итно примен во болница, а за да му го спасат животот лекарите морале да му вградат стент. Но, ова не е единствен случај на млад човек да добие серизони компликации откако веќе го прележал вирусот, јавува Алфа. Уште двајца млади под 30-годишна возраст, биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ со постковид компликации иако пред да го прележат вирусот биле физички здрави.

Интернистот Владимир Ристовски вели дека се зголемува бројот на пациенти со сериозни компликации.

Имаме доста голем број на пациенти кои развиваат срцева слабост после прележан Ковид, имаме пациенти кои што развиле акутна тромбоза, односно акутно запушување на долните екстремитети како компликација од вирусот Ковид 19. А имаме и пациенти кои за жал се повеќе млади, кои веќе прележале Ковид пред месец или два, а сега доаѓаат во фаза на акутна тромбоза на крвните садови на срцето, односно со акутен миокарден инфаркт. Тој број на пациенти е зголемен и се уште ќе се зголемува во наредниот период со оглед на тоа дека компликациите коишто биле претходно ги согледуваме сега и ги третираме сега, вели Ристовски.

Корона вирусот ги исплаши граѓаните, па и оние со хронични болести поради страв од пандемијата наместо во болница се лекуваат дома, вели доктор Ристовски. Проблем, за хронично болните со месеци беше и недостатокот на термини, бидејќи голем дел од докторите специјалисти беа ангажирани во ковид центрите.

Секојдневно имаме пациенти кои доаѓаат доста касно, имаме пациенти кои после прележан инфаркт 3-4 дена доаѓаат во болница. Тие за жал се задоцнети, закаснети фази за третман на тие пациенти за побрзо спасување на срцевиот мускул, затоа секоја појава на симптоми, секоја градна болка да си се јави пациентот на лекар, додава Ристовски.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.