Имунитет од најмалку пет месеци по прележување на ковид-19 покажуваат најновите истражувања во Британија

33
0

Студијата позната како „Студија СИРЕН“, била спроведена на десетици илјади здравствени работници во Велика Британија, кои биле редовно тестирани за присуство на инфекција со коронавирусот и антитела од јуни минатата година

Наодите во студијата не се однесуваат на антитела или други имунолошки реакции стекнати со вакцината против ковид-19

Луѓето кои прележале ковид-19, најверојатно имаат имунитет кој трае најмалку пет месеци, но исто така има докази дека и луѓето со антитела можат да го носат и шират вирусот, покажуваат резултатите од истражување спроведено во Велика Британија.

Се работи за прелиминарни резултати од истражување спроведено од Државната здравствена агенција (ПЗЗ) на Велика Британија кои исто така откриваат дека случаите на повторна инфекција кај луѓе кои веќе еднаш биле заразени со коронавирус се ретки. Од 6 614 случаи на инфекција анализирани во студијата, само 44 биле повторно инфицирани.

Сепак, експертите предупредуваат дека овие откритија значат дека луѓето кои биле во контакт со вирусот во првиот бран на пандемијата на почетокот на 2020 година, сега може повторно да бидат подложни на инфекција. Тие исто така предупредуваат дека луѓето со таканаречен природен имунитет, кој се стекнува со коронавирусна инфекција, може да го носат вирусот САРС-Ков-2 во носот и во грлото и да го пренесат на други.

„Знаеме дека повеќето од оние кои биле заразени и развиле антитела се заштитени од повторна инфекција, но сè уште не знаеме колку трае таа заштита. Ова значи дека иако некој верува дека е заштитен затоа што веќе бил инфициран, тој може да биде единствено убеден дека е малку веројатно дека ќе развие сериозни симптоми на инфекција. Но, постои ризик тие да се заразат и да ја пренесат таа инфекција на други“, – вели Сузан Хопкинс, една од лидерите на студијата.

Експертите потенцираат дека наодите во студијата не се однесуваат на антитела или други имунолошки реакции стекнати со вакцината против ковид-19 и дека овие реакции ќе бидат испитани подоцна оваа година.

Студијата позната како „Студија СИРЕН“, била спроведена на десетици илјади здравствени работници во Велика Британија, кои биле редовно тестирани за присуство на инфекција со коронавирусот и антитела од јуни минатата година.

преземено од 360stepeni.mk