3,5 милиони евра годишно од оштинските каси се одлеваат за советниците на општините

55
0

Според анализата на Центарот за граѓански комуникации три и пол милиони евра годишно од општинските каси легнуваат на сметките на советниците.

Условот за да им се исплати паушалот е барем една одржана седница во месецот, а претседателите од тоа добиваат 30% повисок паушал од советниците. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот.