Пендаровски: Нема потреба од дополнителен анекс со Бугарија

145
0

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски е дециден во однос на прашањето за потпишуваањето на дополнителен анекс со Бугарија, вели нема потреба од тоа.

До Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, не се доставени документи во форма на анекси или протоколи во однос на барањата од бугарска страна, изјавиле од кабинетот на Претседателот за Пресинг ТВ.

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов вели дека Северна Македонија може да ги започне преговорите за членство во ЕУ уште во февруари, доколку го потпише анексот со 12 точки на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

Каракачанов потсети дека содржината на, како што го именува, анексот, на македонската страна и бил познат уште од ноември, но притоа не обелодени ништо од неа.