Бучковски во посета на Софија

110
0

Специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија за Бугарија, Владо Бучковски денеска пристигнува во посета на Софија, јавија бугарските медиуми.

Оваа недела тој ќе оствари средба со министрите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.

Откако министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела остварил комуникација со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и било договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план, денес се уште нема фицијална потврда од Министерството за надворешни работи.

МНР нагласи дека задачата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства.