Милиони жени ширум светот се врзаа за главниот лик на „Сексот и градот“ и ја гледаа оваа серија безброј пати, но досега не сме обрнале внимание на тоа дека Кери, всушност, е само нејзин прекар!

Верните фанови на култната серија „Сексот и градот“ беа изненадени кога во најновата епизода од серијата „И баш така…“, која е мини-продолжение на оваа телевизиска класика, дознаа дека ликот (кој го игра Сара Џесика Паркер) Кери Бредшо всушност се вика – Керолин Бредшо!

Од 1998 година, кога беше премиерно прикажана првата епизода, главниот лик го нарекуваме само Кери. Меѓутоа, во една од сцените на новата серија кога Кери доаѓа да купи кафе, вработените во кафулето ја пречекуваат со нејзиното вистинско име.

На страницата на страницата Википедија е наведено дека главната хероина на „Сексот и градот“ се вика Керолин Мари „Кери“ Бредшо, но оваа информација е новост за публиката, па многумина на социјалните мрежи изразија зачуденост.

„Во овие дваесет години, никогаш не помислив дека Кери може да биде скратена Керолин“, „Тукушто сфатив дека Кери Бредшо се вика Керолин“, „Ни требаа повеќе од две децении да сфатиме дека Кери е прекар“ … некои се од коментари на страсните фанови на серијата.

По последните епизоди се шпекулира дека Кери боледува од деменција затоа што случајно заборавила што зборува на сред разговор и ставила кафе во замрзнувач, но многумина веруваат дека е уништена од тагата за нејзиниот сопруг Џон, кој почина во првите епизоди од продолжението.