Уште еден мртов напаѓач е пронајден во Бањска, по неделните напади врз косовската полиција. Според полицијата тој ја носел униформата на српските напаѓачи.
При контрола на реонот каде се случил инцидентот, пронајдено е и мртвото тело на напаѓачот.
Пронајден автомобил и е на преглед од надлежните екипи. Бројот на убиените напаѓачи достигна четири. Полицијата претходно соопшти дека терористичката група поседувале големо количество оружје.
По терористичкиот акт, триесетина вооружени лица се сокриле во манастир во Бањска. Косовската полиција ги повика напаѓачите да се предадат, но тие продолжија да ја напаѓаат полицијата. Во неделата полицијата соопшти дека тројцата напаѓачи се убиени, а успеала да уапси двајца напаѓачи и уште четири лица кои се осомничени дека учествувале во овој чин, кој на Косово се карактеризира како терористички напад.