Балетско студио Арт Балет на 12 јуни во Националната опера и балет ја одржа својата 27 ма по ред балетска изведба во 17 години постоење. На детскиот балетски годишен концерт настапија над 120 деца од студиото Арт Балет ппд раководството на Тамара Ѓурчиновска.

Арт балет постои 17 години, едуцира деца од 4 до 20 годишна возраст. Арт Балет низ годините порасна во интернационално студио во кое членуваат деца македонци, турци, албанци, роми, срби и индонезијци. Во Арт балет децата учат и се едуцираат со многу љубов спрема балетот, сите се едно семејство сплотени во правец на културата, балетот, танцувањето. Во Арт Балет со децата работат 6 балерини, а децата се поделени во различни групи според возраста и степени на едукација. Покрај годишните завршни концерти и претстави кој ги оддржува Арт Балет исто така во текот на секоја година се и претставници на нашата држава на многу значајни, многубројни интернационални и домашни натпревари по балет . Арт Балет ова година покрај значајниот годишен концерт беа претставници на неколку натпревари во странство и се закитија со значајни први места во Словенија, Хрватска, Србија.

Арт Балет секогаш се препознатливи по своите претстави, концерти и изведби поради посветена работа која се вложува во децата, едукација, изведба, кореографии, костими, музика, варијации и сценографија.

ТВ21 разговараше со управителката на Арт Балет и ова се нејзините импресии:

„Посебно, магично и емотивно. Ретко останувам без зборови, па затоа сликите говорат за чувствата. Сеуште сум под импресии. Макотрпна, посветена и работа полна со љубов и емоции од тимот на Арт Балет (јас, Цаци, Мартина, Бојана, Ивана и Анабела). Огромна благодарност до сите родители за нивната доверба, кој рамо до рамо со нас ги поддржуваат децата и нашата работа. Неизмерна благодарност до сите професионалци од Нацоналната опера и балет кој работеа зад  и на сцената за сонот на овие деца да стане реалност. Беспрекорни и прекрасни сите. Прекрасна публика која која со аплаузот не водеше како оркестар да бидеме уште подобри. Ви благодарам од дното на душата што вчерашниот ден ни го направивте многу многу посебен. Ветуваме уште многу подобра работа, солзи радосници, убави заеднички дела, моменти и проекти“.

АРТ БАЛЕТ е балетско студио за изучување на класичен и модерен балет за деца и млади на возраст од 4 до 20 години.

Арт Балет својата едукативна работа ја започна во 2008 година под раководство на балетскиот педагог,кореограф и продуцент Тамара Ѓурчиновска.

Во Арт Балет работи висококвалификуван балетски кадар. Целите на балетското студио Арт Балет се да се едуцираат квалитетни балетски кадри од најмала возраст кој своето стекнато знаење го продолжуваат во државното балетско училиште Илија Николовски -Луј со кое ова студио има константна соработка во сите години на постоење. Во овие 15 години постоење и едукативен процес балетското студио Арт Балет е прогласено за едно од најуспешните и најдобрите балетски студија во државава и има остварено многубројни успеси и признанија како во нашата држава и државните релевантни институции,така и во странство ширум Европа на многубројни балетски и танцови натпрвари ,фестивали и семинари.

Самостојни концерти и продукции на Балетско студио Арт Балет:

1. 2006 година ,Во Светот на балетот -Зајечар,Р.Србија (театар: Зоран Радмилович)

2. 2007 година ,Арт Балет -Скопје ( КСГР Партизан)

3. 2008 година ,Балетот и јас- Скопје (КСРГ Партизан)

4. 2009 година ,Оревокршачка- Скопје ( Кинорека на Македонија)

5. 2009 година ,Ајде да танцуваме-Скопје (МНТ Театар Центар)

6. 2010 година ,Тајната Градина -Скопје (МНТ Театар Центар)

7. 2011 година ,Со Љубов Арт Балет-Скопје (МНТ Театар Центар)

8. 2011 година ,Патот до Балетската сцена-Скопје (Драмски Театар)

9. 2012 година ,Лебедово Езеро-Скопје ( МКЦ Младински Културен Центар)

10. 2012 година ,Арт Бал -Скопје (МКЦ Младински Културен Центар)

11. 2013 година ,Снежана и 7 те џуџиња-Скопје (МНТ Театар Центар)

12. 2013 година ,Оревокршачка-Скопје ( Драмски Театар)

13. 2014 година ,Фрозен -Скопје (Национална Опера и Балет)

14. 2014 година ,4 Сезони- Скопје ( Македонски Народен Театар)

15. 2015 година ,Алиса во земјата на чудата-Скопје ( Национална Опера и Балет)

16. 2016 година ,Заспаната Убавица -Скопје ( Национална Опера и Балет)

17. 2017 година ,Пахита -Скопје ( Национална Опера и Балет)

18. 2018 година ,Волшебната Шума -Скопје (Национална Опера и Балет)

19. 2019 година ,Шеќерната Приказна -Скопје ( Национална Опера и Балет)

20. 2020 година ,Видео пренос само за родители поради Ковид 19 забрана за настани

21. 2021 година Видео пренос само за родители поради Ковид 19 забрана за настани

АРТ БАЛЕТ-Балетски гостувања,натпревари и награди :

  • 2013 година – Сараево Танц Фест,Сараево -Босна и Херцеговина
  • 2013 година -Скопје Опен,Скопје- Македонија
  • 2013 година -Утринска Звезда, Банско –Бугарија
  • 2014 година -Македонија Опен,Скопје –Македонија
  • 2014 година -Виножито на таленти,Пловдив-Бугарија
  • 2014 година -Џовани Таленти ,Наполи-Италија
  • 2014 година- Интер Танц Фест ,Скопје-Македонија
  • 2014 година -Светско Првенство ,Рим –Италија
  • 2014 година- Златибор Опен, Златибор-Србија
  • 2015 година -Виена Танц,Виена –Австрија
  • 2015 година- Вршац Опен,Вршац-Србија
  • 2015 година- Римини Танц Фест,Римини-Италија
  • 2015 година- Скопје Опен,Скопје –Македонија
  • 2015 година- Балканска Танцова Спаркијада,Велико Трново-Бугарија
  • 2015 година- Златибор Опен,Златибор –Србија
  • 2016 година- Интернационален Танц Натпревар,Келн –Германија
  • 2016 година- Виена Танц Фестивал,Виена –Австрија
  • 2016 година-Римини Опен,Римини- Италија
  • 2016 година -ИДО Танц,Атина –Грција
  • 2017 година Интернационален Танцов Натпревар,Келн –Германија
  • 2017 година Виена Танц Фестивал,Виена –Австрија
  • 2017 година Амстерам Танц,Амстердам-Холандија
  • 2017 година Танц Движење Фест,Русе-Бугарија
  • 2017 година Загреб Танц Фест,Загреб-Хрватска
  • 2018 година ИДО Танц ,Атина-Грција
  • 2018 година Романија Танц Фест,Темишвар –Романија
  • 2018 година Гришко,Софија-Бугарија
  • 2018 година Европско Танц Првенство ,Москва –Русија
  • 2019 година Виена Танц Фестивал,Виена –Австрија
  • 2019 година Мак Танц Фестивал,Куманово-Македонија
  • 2019 година Европско Танц Првенство ,Москва –Русија
  • 2019 година Романија Танц Фест,Темишвар –Романија
  • 2020 година Денс Оф ,Скопје-Македонија
  • 2020 година Европско Танц Првенство ,Москва –Русија
  • 2020 година Виртуелен Интернационален Танцов Натпревар Стејџ-Скопје
  • 2021 година Арт Танц Фестивал,Белград-Србија
  • 2021 година Интернационален Танцов Натпревар Стејџ-Скопје
  • 2021 година Денс Оф -Скопје
  • 2021 година Загреб Бал 2021 -Загреб,Хрватска
  • 2021 година Интернационален Танц Натпревар Опен Загреб -Загреб,Хрватска

Балетскопто студио Арт Балет за класичен и модерен балет од Скопје во досегашното 15 годишно постоење,творење и едукација :

– Над 5000 ученици едукација низ годините

– Над 20 детски балетски претставии продукции

– Над 150 од домашни и меѓународни пехари и признанија од балетски и танцови натпревари,фестивали и семинари.

– Над 300 домашни и меѓународни дипломи и признанија од балетски и танцови

натпревари,фестивали и семинари.

– 3 трговски марки и заштитни лога и ознаки за квалитет.

– 2 веб сајта

– Над 17 патувања и претставувања на интернационални баљлетски и танцови натпревари,фестивали и семинари низ Европа.

– 3 државни награди за успешност и квалитет во работата.