Постојаниот Комитет на Бернската Конвенција при Советот на Европа за заштитата на Охридскиот регион со ново предупредување кон државата во однос на Охрид.
Комитетот ја повика државата да ги стопира сите тековни проекти односно понатамошната урбанизација и другите градежни активности како и сите постапки за легализација на дивоградбите на овие територии во спротивно охридскиот регион може да се најде на листата загрозени подрачја, јавува Сител.
Градоначалникот Пецаков пак најави дека има напредок во спорведувањето на препораките но голем дел од нив зависат од динамиката на спроведувањето од централната власт.
Невладините постојано алармираа дека наместо да се стопира нелегалната градба има нови урбанизации и сметаат дека потребно е координирано да се делува од страна на сите надлежни институции за охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја .























