Полициски службеници вчера лишија од слобода 43-годишен жител на демирхисарското село Вардино, кој е осомничен за неовластено набавување и одгледување на канабис.
– Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Демир Хисар – ОКП Битола на 26.08.2022 го лишија од слобода Д.Ѓ. (43) од село Вардино, Демир Хисар. Тој неовластено набавил 37 семки од растението канабис и ги засадил во близина на неговата куќа, а инсталирал и систем за нивно наводнување, се наведува во соопштението на МВР.
По претходно добиена наредба од Основниот суд – Битола, полицијата изврши и претрес во домот на Д.Ѓ., при што се пронајдени и одземени 37 стебла марихуана, метал детектор, ловна пушка „Црвена застава“, пиштол „VZOR“ 50 калибар 7,65 милиметри со рамка со три куршуми, револвер 838М калибар 6 милиметри, дигитална вага, футроли за пиштол, четка за чистење на оружје, како и околу 80 куршуми од различен калибар.
– СВР Битола до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против Д.Ѓ., се додава во соопштението.
Дополнително, при преглед на теренот на парцели во селата Варадино и Единаковци од страна на полициски службеници од СВР Битола, на три локации се пронајдени и одземени и 52 стебла марихуана со различна висина и развиеност и се преземаат мерки за расчистување на случаите.























