Во духот на хуманоста и музиката се одбележа денот на отворање на спомен куќата „Тодор Проески“.
Спомен куќата на Тоше денес е „Куќа на емоции“ затоа што овој објект е најголемото обележје на животот и делото на големата музичка ѕвезда.
Во рамки на манифестацијата настапи Горан Папаз, а се доделија и 5 ваучери на социјално загрозени семејства, како и јубилејни награди.
Спомен куќата на Тоше беше отворена во 2011-та година и е една од најпосетуваните музеи во државата.