Голем пожар вечерва избувна во Градски парк кај Градски стадион. Горат баракитe во близина на стадионот, кои се наоѓаат близу детското игралиште кај ресторанот Томче Софка, објави Телевизија Сител.

Силен пожар изби пред неколку месеци во старите бараки каде што се наоѓаше Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје, а пожарот ги зафати сите бараки.