Џенифер Анистон ги започнува трендовите и со најмал коментар за нејзината фитнес рутина и исхрана. Таа го популаризираше повременото постење и вкусните смути, а неодамна сите го ископираа нејзиниот рецепт за салата, која таа ја јаде секојдневно полни 10 години во сетот на „Пријатели“.

Познатата актерка си игра со кучиња на отворено, оди во теретана, ужива со пријателите, а денот го започнува со шолја топло кафе помешано со колаген во прав.

Додатоците на колаген станаа хит во последниве години поради нивниот наводен потенцијал да го вратат младешкиот изглед и да ги зајакнат коските, ноктите и косата. Колагенот сам по себе е моќен протеин кој се наоѓа во коските, ткивото и ‘рскавицата, а Eating Well одлучи да истражи дали неговите додатоци се здрави и треба да се мешаат со кафе.

Некои научни истражувања се занимаваат со колаген во прав.

Нутриционистите го земаат како замена за протеинот од сурутка или грашок во прав, но не сите се подеднакво здрави. За најмногу здравствени придобивки треба да ги барате оние кои наведуваат дека содржат колаген пептиди или хидролизиран колаген, пишува споменатиот портал.

Џенифер сака додаток на колаген кој содржи и витамин Ц и хијалуронска киселина. Сепак, таквите додатоци може да бидат прилично скапи и не се нужно покорисни од конзумирање на храна која содржи колаген како што е супа од коски или храна богата со витамин Ц, како што се агруми, бобинки и брокула.

„Дефинитивно не ви треба скап додаток на колаген за да имате силни коски и здрава кожа, коса и нокти“, вели диететичарот Викторија Сивер.

„Јадењето храна која содржи колаген, како супа од коски и пилешка кожа, може да помогне да се зголеми внесот на колаген, но најефективниот начин е да се фокусирате на конзумирање повеќе храна која помага во здравото производство на колаген во вашето тело, особено храна богата со амино киселини пролин и глицин и витамин Ц. Размислете за месото, рибата, млечните производи, јаткастите плодови, гравот, јајцата, пченични никулци и овошјето, особено агрумите“, препорача таа.

Дали треба да се додаде колаген во прав во кафето?

Написот на истражувачот д-р Брук Расел вели дека колагенот нема да издржи температури повисоки од телесната температура, а посакуваните здравствени придобивки ќе бидат намалени или целосно отсутни, што никој не ги сака. Затоа, колагенскиот прав, доколку веќе одлучите да го консумирате, подобро е да го додадете во утринското смути или да го промешате со чаша вода.