„Кралскиот“ клуб летово го посакуваше во своите редови, и сè уште е најголем фаворит за ангажман, но, сега добива конкуренција од најголемиот ривал

Двата најтрофејни шпански клубови Барселона и Реал Мадрид во недела од 16:15 часот ќе го одиграат новото Ел Класико.

Во пресрет на големото дерби, шпанските медиуми, особени тие блиски до каталонскиот тим најавуваат дека ќе има една поинаква борба, надвор од теренот.

Барса е заинтересирана за ангажман на Килијан Мбапе, кој е една од главните трансфер цели на Флорентино Перез во обидот да направи нов дрим-тим.

Според медиумите, Барселона е подготвена да плати голема сума на пари на Мбапе за да го обезбеди неговиот потпис, но, за такво нешто ќе мора да почека до јануари, што впрочем важи и за „кралевите“.

Како што е познато, Реал летово се обиде да го донесе Килијан во своите редови, но понудите беа одбиени од ПСЖ, а неговиот договор истекува наредното лето.