FILE PHOTO: Boys run past a mural by Senzart911, of children wearing facemasks amid the coronavirus disease (COVID-19) outbreak, at Soweto’s Kliptown, South Africa, October 27, 2021. REUTERS/Siphiwe Sibeko

Податоците од Јужноафриканската Република покажуваат дека сојот oмикрон е 70 до 80 отсто послаб од делта сојот на Ковид-19, изјави денеска шефот на Африканските центри за контрола на болести (ЦДЦ) Џон Нкенгасонг, но додаде дека тоа не мора да значи дека е исто во сите земји.

Треба внимателно да ги толкуваме податоците од Јужна Африка. Ова е само почеток на сојот Омикрон и станува збор за локални медицински резултати, нагласи Нкенгасонг.

Тој додаде дека треба да се земе предвид и факт како што е возраста, бидејќи добар дел од јужноафриканската популација е помлада.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.