Експерти од Институтот за медицински науки во Токио, предводени од професорот Мичинори Кохара, работат на развој на вакцина против корон авирус, која обезбедува доживотен имунитет.

Оваа вакцина се заснова на вакцината против сипаници, која била развиена во 18. век од британскиот лекар Едвард Џенер и која придонесе во голема мера да се искорени таа фатална болест. Целта на јапонските научници е да создадат рекомбинантен вирус на вакцина, кој содржи протеин на вирусот САРС-КоВ-2.

Според Кохара, лековите кои го користат векторот на вирусот против големите сипаници се „најмоќни од сите“. Според него, овој тип на вакцина има малку несакани ефекти и не бара посебни методи на транспорт и складирање. Создавањето на вакцина со доживотна ефикасност може да му овозможи на светот да се избори против Ковид-19.

Експерименти изведени на глувци, кои го користеле рекомбинантниот вирус на вакцина што го кодира генот на птичјиот грип, покажуваат високи нивоа на антитела кои опстојуваат повеќе од 20 месеци. Јапонскиот производител на лекови „Нобелфарма“ се очекува да спроведе клинички испитувања во фаза 1 и Фаза 2 на вакцината на Кохара во првата половина на 2023 година.

Претходно, научници од Универзитетот во Вашингтон открија висока ефикасност на РНК вакцините против Ковид-19.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.