Јаник Синер во возбудлив натпревар го совлада Карлос Алкараз со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-4 и 6-2. Првиот сет беше неизвесен, а Синер прв направи брејк на противнички сервис, по што Алкараз се врати во игра, па во тај-брејк успеа да го надигра неговиот ривал.
Синер во вториот сет повторно прв направи брејк, по што Алкараз се врати во игра, но неговиот противник одигра неверојатен деветти гем и со нов брејк стигна до 6-4.
Во третиот дел беше забележана доминација на Италијанецот, кој направи два брејка и успеа да слави по три часа и три минути игра.
Шпанецот со елиминацијата во полуфиналето ќе загуби бодови кои ги бранеше од минатата година, пак ќе падне зад Ѓоковиќ на АТП-листата./Sport1/