Бранителот на титулата на Австралија опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, во првото коло на тој турнир ќе игра против неговиот сонародник Миомир Кецмановиќ, беше решено денеска со ждрепка во Мелбурн. Ждрепката претходно беше одложена додека се чекаше одлуката дали на првиот тенисер на светот ќе му биде укината визата, а австралиските медиуми објавија дека Ѓоковиќ може да биде депортиран. Премиерот Скот Морисон на денешната прес-конференција зборуваше за мерките на Австралија против корона вирусот, а потоа накратко рече дека одлуката за Ѓоковиќ ќе ја донесе министерот за имиграциска политика, Алекс Хок. В понеделник во Мелбурн започнува првиот Грен слем турнир во сезоната. Ѓоковиќ игра за рекордна 10 титула во Мелбурн и рекордна 21 Грен слем титула.

Прикажи повеќе