Столе Димитриевски е херој на денот во шпанското првенство откако му одбрани пенал на Мемфис Депај и со тоа му донесе победа на Рајо Ваљекано.

Ударот од белата точка во 72. минута имаше своја предигра бидејќи македонскиот репрезентативен голман пред Депај да го изведе пеналот се обиде да го испровоцира.

Се уште не се знае што точно му рекол, но очигледно провокацијата успеа бидејќи напаѓачот на Барса не успеа да погоди, а Димитриевски на некој начин му се одмазди за примениот гол на Европското првенство минатото лето.