Ракометарите на Шпанија ја запишаа третата победа во првата фаза на Европското првенство во дуелот против Босна и Херцеговина вчера попладне со 24-28. Избраниците на Жорди Рибера без кикс со три рутински славја се пласираа во главната фаза.

Сепак, победата против Босанците вчера беше посебна. Шпанија го запиша петнаесеттиот натпревар без пораз на европските првенства. „Фуријата“ последен пат загуби на 23 јануари 2018 година во дуел од втората групна фаза од Словенците (31-26), во групата каде што се натпреваруваше и Македонија.

Оттогаш Шпанците имаат 14 победи и едно реми против Хрватска на претходниот шампионат во 2020 година, двапати ја покорија Европа и го срушија рекордот кој го држеше Шведска

Скандинавската селекција беше непоразена на 14 натпревари во низа од 1998 до 2002 година на Европските шампионати, а истиот го сруши Шпанија.