Од редовите на Реал повторно во центарот на вниманието беше Карим Бензема кој постигна два гола. Посебно Бензема го привлече вниманието со неговиот втор гол и трет за Реал кога реализираше од пенал со „паненка“.

Advertisements

Паненката на Бензема ја коментираше и англиската легенда Алан Ширер.

„Можам само да се насмевнам и да кажам – не можам да верувам што направи! Од една страна тоа е ароганција, но од друга страна мора да се признае дека станува збор за способност и храброст да се изведе нешто такво во толку важен момент. Бензема изгледа како да станува се подобар и подобар“, прокоментира Ширер.

Бензема сезонава е најдобриот стрелец во Лигата на шампионите со 14 постигнати гола.

Прикажи повеќе