Шеикот Мохамед Бин Салман од Саудиска Арабија, кој неодамна стана сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл, е во напредни преговори за купување на италијанскиот првак Интер. Трансакцијата треба да изнесува една милијарда долари.

„Интернешенл Бизнис Тајмс“, еден од највлијателните весници за економија во светот објави дека неговиот инвестицики фонд е многу блиску до купопродажен договор со кинеската компанија „Сунинг“, коај е актуелен сопственик на Интер.

Според изворот, Интер во првите месеци од 2022 година ќе добие супер моќен сопственик, а потоа ќе добие и буџет за да купи неколку големи засилувања.

Интер изминатото лето мораше да продава дел од најдобрите фудбалери. Мораа да си заминат Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, а и покрај тоа Интер обезбеди достојни замени и се наоѓа на првото место на табелата во Серија А.