Шведска е единствената скандинавска земја која досега немала жена премиер
Пратениците во шведскиот парламент денеска ја избраз лидерката на Социјалдемократската партија и актуелна министерка за финансии Магдалена Андерсон за прва жена премиер на земјата откако таа постигна договор во последен момент кој ѝ обезбеди клучна поддршка.
Шведска е единствената скандинавска земја која досега немала жена премиер.

Advertisements

По изборот за премиерка на Шведска, таа доби голем аплауз од пратениците во парламентот, односно Риксдагот, пренесува ЕПА.

Изборот на Андерсон за премиер на Шведска е резултат на компромисот со опозициската левичарска партија, која бараше зголемување на пензиите во замена за поддршка. Таа ја обезбеди и поддршката од партиите од центарот и од коалицискиот партнер Зелените.

Андерсон ќе го наследи актуелниот премиер Стефан Ловен откако вкупно 117 пратеници гласаа „за“ неа, 57 беа „воздржани“ и 174 гласаа „против“.

Според шведскиот систем, на кандидатот за премиер не му треба поддршка од мнозинството во парламентот, туку само против него да нема мнозинство.

Според шведскиот Устав, премиерите можат да управуваат сѐ додека парламентарното мнозинство (минимум 175 пратеници) не е против нив.

Прикажи повеќе