Чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на англискиот прволигаш Вест Хем.

Компанијата „Холдинг 1890“, чиј сопственик е Кретински, стана сопственик на речиси една третина од премиерлигашот од Лондон, а Кретински и неговиот колега Павел Хорски се именувани за членови во управниот одбор на клубот.

– Воодушевен сум поради тоа што овој проект конечно е завршен. Страстен сум кога е во прашање фудбалот и исклучително ја ценам и почитуван историјата на Вест Хем, изјави Кретински, кој, воедно, е сопственик и на чешкиот фудбалски гигант Спарта од Прага.