Чешката Република на 1 јули го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската унија од Франција. Преземањето доаѓа во време на историските предизвици со кои се соочува Унијата во врска со руската војна против Украина и нејзините последици врз пазарот со енергенси и храна, застојот на економиите и тековната пандемија со ковид.

Advertisements

Чесите последен пат претседаваа со ЕУ во 2004 година, нивната прва година од членството во Унијата.

Во текот на денот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Фиала во Прага за да го одбележат официјално предавањето на претседателството.

Претходно Чешка посочи кои ќе и бидат приоритетите за време на шестмесечното претседателство. Ќе се фокусираат на војната во Украина и последиците од неа, вклучително и масовниот прилив на бегалци, како и на енергетската безбедност, бидејќи Европа се обидува да се оттргне од зависноста од руски гас и нафта.

Прикажи повеќе