Во вториот месец од годината постојат датуми, според зборовите на астролозите, кои може да донесат стрес во вашиот живот…

Како што предвидоа астролозите во февруари ќе има четири датуми кои може да нанесат стрес на личноста која нема да успее на вистинскиот начин да се избори со проблемите кои може да се развијат за време на тие датуми.

11 февруари

Овој ден ќе биде многу стресен поради спојувањето на Меркур со Плутон. Ќе биде многу динамичен, тие работи може да тргнат наопаку доколку не сте доволно внимателни. Не потпирајте се на чувствата, туку водете се од разумот.

16 февруари

На овој ден може да ви се случи мотивацијата и продуктивноста да ви опаднат. На овој ден ќе ви недостасува успешност, но нема да се прославите и на љубовно поле. Поради спојувањето на Венера со Марк и полната Месечина во Лав, ќе има многу турбуленции, и затоа најдобро е на овој датум да бидете посветени на едноставни работи и да не започнувате тешки проекти.

24 и 25 февруари

Поради опаѓањето на Месечината во Стрелец, на овие два дена може да имате многу проблеми, па затоа важен совет е да не купувате ништо ново. Пред сè, не купувајте нови и прескапи работи, бидејќи тоа може да биде погрешен избор и беспотребно трошење на пари.