Екипата на Чаир 2030 направи чекор напред во борбата за опстанок. Во малото скопско дерби тимот ја победи Академија ФМП (72-60) и така ја прескокна на табелата во суперлигашкото друштво пред плеј-аутот.

Advertisements

И двете екипи не можат повеќе од деветтата позиција, па овој дуел беше само најава пред битките за опстанок кои ќе им следат. Чаирчани тргнаа добро, имаа предност уште од почетокот (22-14), а со добар втор квартал во одбраната, зачекорија кон триумфот.

Недим Мустафица беше најдобар кај победникот со 19 поени и девет скока, пред Александровски со 17 поени, исто колку што даде и Роби, додека кај тимот од Кисела Вода, Мекевен даде 12, а Настовски реализира 11 поени.

Во последната рунда пред плеј-офот и плеј-аутот Чаир гостува кај Струмица, а Академија ФМП игра со Еуро Никел.

Фото: Gol.mk

Прикажи повеќе