Веднаш по враќањето во Барселона  новиот стратег на Каталонците Чави во тимот го врати и Дани Алвес, ветеран со кој освоија многу трофеи

Новиот предводник на Барселона не сака да запре тука. Следна мета на Шпанецот е уште еден негов поранешен соиграч, Тиаго Алкантара.

Фудбалерот за врска во 2013 година по повик на Пеп Гвардиола замина од Барселона и прејде во Баерн Минхен, а од минатата настапува во Ливерпул.

Тиаго не се наметна премногу во тимот на Клоп и често е резерва. Факт е дека играта која ја негува Чави и ќе се обиде да ја наметне во Барса повеќе му одговара, па според шпански „АС“ кам-бекот е реален и многу лесно може да биде исполнет.