Стефанос Циципас не настапи во првиот меч на АТП купот во Сиднеј.Циципас се повлече пред почетокот на дуелот со Хуберт Хуркач. Од грчкиот тим информираа дека нивниот најдобар играч се откажал поради повреда на лактот.

На теренот него го замени Аристотелис Танос. Хуркач немаше проблем против 1.076 играч на АТП листата, победи со 6/1, 6/2.