ЦИВИЛ го осудува рускиот терор: Невини животи брутално нападнати

СООПШТЕНИЕ, Скопје, Северна Македонија, 4 септември 2024 година

ЦИВИЛ жестоко ја осудува ескалацијата на рускиот ракетен терор насочен кон цивилите во Украина. Руските сили го интензивираа својот брутален напад, намерно погодувајќи цивилни области и предизвикувајќи смрт на невини луѓе, вклучително деца и жени. Овие грозоморни акти на тероризам се типични за неиспровоцираната агресија на Русија против суверена нација, очаен обид да се компензира за нивните неуспеси на бојното поле со насочување на нивната деструктивна моќ врз невооружените цивили и суштинската инфраструктура.

И покрај тоа што е во Советот за безбедност на ОН, Русија продолжува со својата кампања на уништување, таргетирање домови, инфраструктура и неселективно убивање невини цивили.

Неодамнешните ракетни напади ја истакнуваат критичната потреба за зголемена поддршка за Украина. Земјата не само што се бори за сопствениот опстанок, туку и ја брани глобалната слобода и демократија.

Вистински мир може да се постигне само преку правда. Извршителите на воени злосторства и геноцидна агресија мора да бидат повикани на одговорност и да се соочат со целосната сила на меѓународната правда.

ЦИВИЛ ги повикува западните држави итно и значително да ја зголемат воената, финансиската и хуманитарната помош за Украина. Повеќе од една деценија, Украина е во првите редови во одбраната на глобалната слобода, а највисоката цена сé уште ја плаќаат нејзините невини деца.

Русија се покажа како терористичка држава. Нужно е е да се запре рускиот ракетен терор со одлучна поддршка за Украина на секој можен начин!

ЦИВИЛ