Воената хунта на Мјанмар жестоко одговори на заземањето на важниот трговски град Мјавади од страна на бунтовниците.
Според локалните медиумите и вооруженото крило на Карен националната ослободителна армија (КНЛА) армијата од петокот до денеска фрлила најмалку 130 бомби врз градот Мјавади, при што загинаа десет цивили.
Мјавади во Мјанмар и Мае Сот во Тајланд ги дели само реката Моеи. Револуционерниот сојуз предводен од КНЛА го окупираше последниот воен гарнизон во градот на 11 април. Останати се само мал број војници кои одбиваат да им се предадат на бунтовниците. Тајландската армија распореди оклопни возила на реката Моеи.
За мјанмарската хунта, загубата на Мјавади беше дополнителен сериозен удар, откако веќе изгуби еден град на границата со Кина.
Мјанмар е заглавен во хаос и насилство по државниот удар во февруари 2021 година. Воената хунта, која ја собори и приведе премиерката Аунг Сан Су Чи, од неодамна е под зголемен притисок за мултиетничката држава.