Ривал на Тајсон Фјури во борбата за круната во супертешка категорија, во верзијата ВБЦ, ова лето би можел да биде Ентони Џошуа. Борбата наводно ќе се случи доколку Џошуа го победи Џермејн Френклин овој викенд. Ова го соопшти промоторот Еди Херн, откако стана јасно дека долго најавуваниот меч Фјури-Усик нема да се случи.
„Веќе имавме одредени разговори во декември минатата година. Тогаш беше постигнат начелен договор парите да се поделат 60:40 во корист на Фјури. Верувам дека лесно ќе се договориме за борба, што би предизвикало поголем интерес во Велика Британија отколку за мечот Усик – Фјури“, изјави Еди Херн.
„Времето ќе покаже колку е реална оваа борба, ја посакувам со целото мое срце“, изјави Џошуа.