Феран Торес е во Барселона каде денеска ќе ги помине медицинските тестови по што треба да го потпише договорот и официјално да стане член на каталонскиот клуб.

Се очекува денеска Феран Торес да потпише за Барса. Документацијата меѓу Манчестер Сити и Барселона е комплетирана.

Напаѓачот е во Барселона, каде утринава ги почнува медицинските тестови.

Се верува дека во вториот дел од денот ќе го потпише и договорот по што Барселона официјално ќе го соопшти неговиот ангажман.